Икер Касилјас, легендарниот капитен на Реал Мадрид и еден од најдобрите голмани на сите времиња, кој освои апсолутно се со „кралскиот клуб“ и со шпанската репрезентација, на Твитер изненадувачки објави дека е геј.
„Се надевам дека ќе ме почитувате. Јас сум геј”, објави Касилјас.
За шпанските медиуми, а и за целиот свет, ова е секако шокантна објава. „Мундо Депортиво“ не е сигурен дали твитот на Касилјас е автентичен или дали неговиот профил на Твитер е хакиран.
Касилјас во текот на кариерата беше во јавни односи со неколку жени, а моментно е разведен од Сара Карбонеро.
Во коментарите на Твитер, поранешниот соиграч Карлес Пујол му даде поддршка, велејќи: „Време е да ја раскажеме нашата приказна“.
Касилјас како дете пристигна во Реал Мадрид и во клубот остана 25 години. Тој го имаше своето деби во 1999 година како 18-годишник. За клубот има 725 настапи. Како прв голман на Шпанија, тој ја освои светската титула и две европски шампионски титули. Со Реал Мадрид освои 19 трофеи од кои три ЛШ, а кариерата ја заврши во Порто.