Утрински Весник
Спорт

Касата на Наполи останува попразна за 50 милиони евра, сметките на играчите потенки за по 500.000

Fudbal Ls Barcelona Napoli 2024.jog 0.jpg

Актуелниот италијански фудбалски првак Наполи е елиминиран во осминафиналето од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионитие од Барселона на „Монжуик“ (3:1). Елиминацијата на Наполи во оваа фаза значи попразна клупска каса за околу 50 милиони евра, со необезбеденото учество на Светското клупско првенство кое идната година ќе се одржи во САД по нов формат со 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка и по четири од Азија, Африка и Средна/Сверна Америка, една од Океанија и домаќинот.

Поради овој факт, газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис пред дуелот со Барселона вети премија од 10 милиони евра која играчите требаше да си ја поделат. Елиминацијата за играчите значи потенки сметки за по 500.000 евра по играч.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо