Утрински Весник
Македонија

Касами: „Вреди“ функционира одлично, владината коалиција е коректна

Bilal Kasami 960x563 1.jpg

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами истакна дека владината коалиција е коректна и покрај несогласувањата околу законот за бранителите.

-Коалицијата „Вреди“ функционира одлично, како и владината коалиција е коректна. Сигурно е дека имаме многу заеднички точки, но имаме и точки каде се разликуваме. Но ние може да гарантираме дека сè додека „Вреди“ е дел од владината коалиција, нема да има уназадување на правата на Албанците. Што се однесува до бранителите, во време кога ДУИ беше на власт, најмалку три пати е променет законот каде што се дадени тие права на бранители и ДУИ никогаш не крена глас. Имаше и последна изјава на еден функционер на претходната Влада кој тврди дека и овие измени кои сега се обидуваат СДСМ и ДУИ да ги протуркаат биле веќе договорени со Али Ахмети. Затоа го повикувам да не биде дволичен, нека признае дека, сè што е дадено на бранителите, а не е дадено на војниците на ОВК е придобивка на Али Ахмети. И тој треба да излезе и како маж да го каже тоа, истакна Касами на новинарско прашање, кој заедно со претсавници на полицијата и јавните претпријатија следеше акција за ослободување на јавните површини.

Можете да прочитате

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното