Утрински Весник
Македонија

Касами: Уставните измени се само предуслов, чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на евроинтеграција

Bilal Kasami 960x563 1.jpg

Дека не постои јасен план и цел на патот кон ЕУ, смета и премиерот Христијан Мицкоски, кој синоќа во своето гостување на МТВ по повод „100 дена Влада“ изјави дека тие нудат решение на проблемот со Бугарија по теркот на Преспанскиот договор.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот тогаш кога меѓународните партнери, пред сѐ ЕУ и САД, ќе дадат јасен план за евроинтеграциите, што засега не го гледам, изјави за ТВ 21 во емисијата „Клик плус“ лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами.

Според него, ЕУ нема јасен план за интеграцијата на земјите од регионот и Македонија.

„Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција“, рече Касами.

Дека не постои јасен план и цел на патот кон ЕУ, смета и премиерот Христијан Мицкоски, кој синоќа во своето гостување на МТВ по повод „100 дена Влада“ изјави дека тие нудат решение на проблемот со Бугарија по теркот на Преспанскиот договор.

„Поентата е дека ние мораме заеднички да работиме ако сакаме да дојдеме до решение што ќе биде предвидливо. Ние сега немаме предвидливо решение. Многумина велат дека таа преговарачката рамка е јасна. Да, но нејасни се патот и целта. Тоа е проблемот. Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има, и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО. Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш да го реплицираме тоа, уставните амандмани да важат кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме“, рече Мицкоски.

Според него, чудно е тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач со Европската Унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Унијата.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите