Утрински Весник
Македонија

Касами се откажа од пратеничкиот мандат

Cb98f3b7 7d44 4526 Bf7c 669af648721c W408 R1 S.jpg

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами, кој на парламентарните избори беше кандидат за пратеник од Коалицијата ВРЕДИ, до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран. -Јас Биљал Касами како избран кандидат за пратеник во Шестата изборна единица на Парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и барам да не ми се верифицира мандатот од страна на Собранието на Република Северна Македонија, стои во изјавата на Касами потпишана со датум 23 мај 2024 година. На првата седница на новиот парламентарен состав што е закажана за утре со почеток во 11 часот, прва точка на дневен ред е избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието. На седницата треба да се изврши верификација на мандатите на пратениците, да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Собранието.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош