
Партиите кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН во текот на неделата ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателството кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име, информира денеска лидерот на движењето Беса кое е дел од коалицијата Биљал Касами.
Претседателството, како што додаде тој, ќе донесе и статут според кој ќе се избираат претседател и партиски тела.
„Треба да имаме еден заеднички орган кој ќе одлучува понатаму, статутарна комисија која ќе ги определи сите прашања, како се избира претседателот, органот на раководење со партијата, кои ќе бидат тие, механизми за контрола и за балансирање затоа што се работи за повеќе субјекти кои треба во еден природен процес да станат еден субјект. Прво што е важно, веќе е донесена одлуката да имаме заедничко претседателство кое ќе ги определи понатамошни чекори кон соединување. По закон треба да заврши целиот овој процес, со заеднички конгрес и формална одлука за запишување во Централен регистар“,
Според Касами, коалицијата ВЛЕН има добиено 107 илјади гласови и претставува репрезентативен претставник на гласовите кај Албанците.
„Ние како коалиција добивме 107 илјади гласови, од една коалиција која се сочинуваше од албански политички партии. Знаеме дека другите коалиции беа мултиетнички и во овој дел, особено коалицијата на ДУИ не може да се повикува на застапување на правата на Албанците во државата, а цениме дека ги добивме тие 107 илјади гласови за да ги претставиме Албанците и другите граѓани во оваа влада. Било кој да се отцепи од оваа коалиција, ја нема поддршката на овие 107 илјади гласа. Затоа цениме дека овие 107 илјади гласа се нашиот легитимитет да ги претставиме тие гласови во Владата“,
посочи Касами.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вчера изјави дека лидерите од ВЛЕН имале средба на која било договорено новиот политички субјект да има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, заеднички медиумски центар. Во однос на тоа кој би бил претседател на партијата, Меџити рече дека тоа најверојатно би можел да биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не исклучи можност и за нова личност