Утрински Весник
Македонија

Касами: Да има отворени листи, а со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето

20260114151622 big 730x400 77.webp.webp

Да се укине техничката влада веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине, е ставот на коалицијата „Вреди“, што бил изнесен на денешната лидерска средба.

Како што изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето.

– За изборните единици немаме став, најважно е, како и да се одлучи, и за една изборна единица, да има отворени листи – истакна Касами.

Тој ја поздрави денешната лидерска средба, на која, рече, се отворија многу теми, политички и економски и имало конструктивна дискусија.

Можете да прочитате

Грипот зема замав во Македонија – Почината пациентка и двајца на апарати за дишење

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа