Утрински Весник
Свет

Карпентер: Одлуката на Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа цели во Русија не ги вклучува ракетите АТАКМС

Qq.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден му наложи на својот тим од безбедносни експерти да ги промени насоките за користење на американското оружје од Украина за напади врз воени цели на руска територија, а ова овластување не се однесува на употребата на тактичките проектили со долг дострел АТАКМС, изјави директорот за Европа во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Мајкл Карпентер.

Ова се случува во контекст на руската офанзива во регионот на Харков, по што украинската страна дојде кај нас и побара дозвола за напад на цели во Русија, од каде беа гранатирани украински позиции, села и градови, додаде Карпентер во интервјуто за Укринформ.

Тој нагласи дека Бајден, штом го примил барањето од Киев, „го упатил својот тим за национална безбедност да ги промени насоките за да дозволи такви контраудари“.

Карпентер тоа го нарече „директен одговор“ што дава можност за прекугранични контранапади. Меѓутоа, тој прецизираше дека одлуката е насочена кон запирање на руската офанзива и „не се однесува на ракетите АТАКМС или напади со долг дострел“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера и официјално потврди дека претседателот Џо Бајден и дал дозвола на Украина да напаѓа воени цели на територијата на Руската Федерација со американско оружје, забележува Укринформ.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми