Утрински Весник
Магазин

Карди Би не се кае за новата тетоважа на лицето

Карди Би не се кае за новата тетоважа на лицето

Карди Би откри дека не жали за својата одлука да го истетовира лицето.

dobivaj vesti na viber

Раперката (30) во четвртокот на „Твитер“ ја сподели првата фотографија од уметничкото дело во крупен план, на кое е испишано името на нејзиниот едногодишен син Вејв, со црвено мастило на вилицата.

„Ја сакам својата тетоважа на лицето“, напиша пејачката, која се истетовира минатата година, но дури сега го покажа своето лице одблиску.

 

Фотографијата е преземена од неодамнешната кампања на „Мекдоналдс“ во која беше вклучена заедно со својот сопруг Офсет (31).

Карди изгледа неверојатно во бел фустан со халтер и кристални детали.

Можете да прочитате

Дали кафето го покачува крвниот притисок?

Зошто третиот понеделник во јануари се смета за најтежок ден во годината?

Среќата конечно тропа на вратата на овие три хороскопски знаци