Утрински Весник
Спорт

Караско удри по Куртоа: Сите сме разочарани од неговото однесување

Караско удри по Куртоа: Сите сме разочарани од неговото однесување

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Јаник Караско вели дека сите во белгиската репрезеентација се разочарани од однесувањето на голманот Тибо Куртоа и конфликтот кој настана поради капитенската лента.

dobivaj vesti na viber

Голманот на Реал Мадрид, Куртоа, според зборовите на селекторот Доменико Тедеско одбил да патува на квалификацискиот меч во Естонија во вторникот налутен што капитенската лента во отсуство на Кевин де Брујне на мечот со Австрија не ја добил тој туку Ромелу Лукаку, иако било договорено Куртоа да е капитен против Естонија. Куртоа го демантираше ова, велејќи дека има повреда на коленото, обвинувајќи го Тедеско за „субјективно мислење за приватен разговор“, фрлајќи ја во криза репрезентацијата.

Караско не го штедеше колегата.

„Сите во осонова сфативме што се случило. Имавме состанок со селекторот, кој јасно ни кажа. Ние, постарите играчи, уште немавме шанса да зборуваме со Тибо, но крајно сме разочарани со неговата реакција. На крајот, тој е клучен играч во тимот, еден од трорјцата капитени. Капитенската лента е само детаљ. Треба да покаже дека е лидер и капитен со сопствен карактер. Тој реши да замине. Дали беше посрамотен или не, не знам. Но, една од причините е капитенската лента и тоа е јасно“, вели Караско.

За среќа, сега следува летната пауза пред репрезнтативните мечеви во септември за да се смири ситуацијата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина