Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

Fani bt sdsm 1.jpeg
Img 7972

„СДСМ и Методија Куновски во својата програма имаат конкретни одговори за проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и за создавање нови можности за развој,” истакна заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, на денешната средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, заедно со кандидатот за градоначалник, Методија Куновски.

На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој на Битола, која опфаќа соработка и комуникација со бизнис-заедницата, подобрување на деловната клима и намалување на административните бариери, дигитални услуги за фирмите, субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност, инфраструктурна поддршка, јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи, општински фонд за жени претприемачи, партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.


Покрај соработката со бизнис секторот, во нашата програма програма меѓу приоритетите се руралниот развој и поддршката на земјоделството, рече Куновски, најавувајќи поддршка за агротуризмот, одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг, развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.

СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворање нови работни места и создавање подобри услови за компаниите во Битола, порача заменик -претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска.

Можете да прочитате

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот

Каранфилова-Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара