Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Fani sdsm negotino 2.jpeg
Img 7972

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Неготино Петар Мантев, денеска оствари средба со претставници на НВО „Порака – Неготино”, здружение на родители на деца со ментален хендикеп, како и со Центарот за лица со попреченост.

На средбите во Неготино беше истакната јасната определба на СДСМ за инклузивност и еднакви можности за сите граѓани која што е внесена и во програмата на нашиот кандидат за градоначалник, Петар Мантев. 


-Во програмата посебно место е посветено на подобрување на условите за лицата со посебни потреби и нивните семејства. Секаде, во сите образовни установи, мораме да обезбедиме непречен пристап и образовна асистенција за учениците со посебни потреби, кои ќе работат професионално, истакна Каранфилова Пановска.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Петар Мантев додаде дека во прорамата се предвидува и бесплатен јавен општински превоз за целни групи, како дополнителна мерка за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Нашата заедничка борба, борбата за нашиот дом е инклузивна и ги вклучува сите, порача заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска.

Можете да прочитате

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани