Утрински Весник
Спорт

Карагер: Ван Дајк четири месеци се враќа во форма

Карагер: Ван Дајк четири месеци се враќа во форма

Дебаклот на Ливерпул против Реал (2:50, во првиот осминафинален натревар во Лигата на шампиони е тема која во наредните денови ќе се коментира во Англија.

dobivaj vesti na viber

Ливерпул имаше предност од 2:0 по 15 минути игра, до крајот на мечот Реал постигна пет и на „црвените“ им го нанесе најтешкиот пораз во европските купови на „Енфилд“.

Вирџил ван Дајк е еден од играчите кои трпат критики за синоќеѓниот пораз.

„Пред четири месеци Ван Дајк велеше дека сè уште не може да се врати во форма и дека му треба време. Тоа беше, повторувам, пред четири месеци. Тој повторно играше и играше како што играше. Мислам дека во овој момент јас би можел да играм на неговото место“, цинично прокоментира легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер.

Ван Дајк е во Ливерпул од јануари 2018 година, за неговиот трансфер „црвените“ на Саутемптом му платија 84,65 милиони евра.

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс