Утрински Весник
Спорт

Капитенот на Феенорд одби да носи капитенска лента со боите на виножитото

Капитенот на Феенорд одби да носи капитенска лента со боите на виножитото

Капитенот на Феенорд од Ротердам, Оркун Кокчу одби да носи капитенска лента во боите на виножитото на денешниот меч со АЗ Алкмар во холандската Ередивизие, а клубот реши да го објаси тоа преку социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Решив да не ја носам капитенската лента со боите на виножитото ова коло. Најважно е да кажам дека ги почитувам сите без разлика на религијата, потеклото или изборите во животот. Верувам дека сите се слободни да прават што сакаат, но овој чин е многу важен за мене, поради мојата вера не сум вистинската личност да го поддржам тоа. Затоа не се чувствувам удобно да ја носам оваа капитенска лента. Знам дека некои луѓе ќе бидат разочарани од ова, но тоа не е мојата намера. Се надевам дека мојот избор поради религиозни причини ќе биде почитуван исто така“, вели Кокчу, кој капитенската лента му ја предаде на австрискиот централен бек, Гернот Траунер.

21-годишниот Кокчу е роден во Харлем, Холандија, но се реши да настапува за турската фудбалска репрезентација поради неговото потекло.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија