
По повод Меѓународниот ден на жената, авиокомпанијата Wizz Air денеска реализираше лет од Скопје до Братислава со целосно женска екипа. На летот, кој полета од Меѓународниот аеродром во Скопје, сите членови на екипажот – од пилотската кабина до кабинскиот персонал – беа жени.
Авионот кон аеродромот „М. Р. Стефаник“ во Братислава го управуваа капетанот Мартина Стивенс и копилотот Ива Матиќ, додека кабинскиот екипаж го сочинуваа Ружица Петрушевска, Сара Насевска, Моника Ристевска, Нора Смилевска и Алекс Трајковска.
Wizz Air го одбележува Меѓународниот ден на жената со специјални летови управувани исклучиво од жени на повеќе европски пазари. Во оваа иницијатива годинава се вклучени околу 70 членови на летечки и кабински екипаж.
Летовите со целоженска екипа се дел од годишната иницијатива што авиокомпанијата ја започна во 2022 година, со цел да се подигне свеста за можностите за кариера на жените во воздухопловството и да се охрабрат повеќе жени да се приклучат во оваа индустрија, рушејќи ги традиционалните родови стереотипи.
Од Wizz Air порачуваат дека ваквите активности се начин да се оддаде признание на сите жени кои работат во авијацијата и придонесуваат за безбедноста и развојот на воздушниот сообраќај.
Ви благодариме за безбедните летови на сите жени во авијацијата.


