Утрински Весник
Свет

Канадскиот премиер во вторник ќе се сретне со Трамп

20250502185645 big 730x400 68.webp.webp

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека во вторник во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

MK Summit

Карни, поранешен гувернер на канадската централна банка, рече дека не сака да се преправа дека тие разговори ќе бидат лесни.


Тој нагласи дека Канаѓаните избрале нова влада „која ќе му се спротивстави на Трамп и ќе изгради силна економија“.

Карни и Трамп претходно оваа недела разговараа телефонски и се согласија наскоро да одржат состанок во живо.

Трамп минатата недела изјави дека „навистина не трола“ кога зборува за претворање на Канада во 51-ва американска држава.

Минатиот месец Трамп воведе царини од 25 отсто на канадските стоки и 10 отсто на енергенсите.

Карни за време на предизборната кампања редовно ги нарекуваше акциите на САД „предавство“ и велеше дека ќе се залага за разговори за изградба на нови безбедносни и одбранбени врски. (МИА)

Можете да прочитате

Трамп планира да го укине даночното ослободување на Харвард

Инцидент во Германија: Со автомобил влета во толпа луѓе во Штутгарт – има повредени

Први снимки од Аргентина по два силни земјотреси