Утрински Весник
Балкан

Камион прегази 33-годишна девојка на автопат во Хрватска

Soobrakjajna Nesrekja Ilustracija.png

Синоќа, околу 23:20 часот, на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац во Хрватска, се случи сообраќајна несреќа во која загина едно лице, соопшти полицијата во Сисак.

Несреќата се случила кога 28-годишен маж управувал камион со загрепска регистрација во десната сообраќајна лента во правец кон Загреб и удрил 33-годишен пешак.

Поради силината на ударот, телото на пешакот било фрлено на левата сообраќајна лента, каде што починала.

Телото на жената е пренесено во Општата болница во Сисак, каде што ќе се изврши обдукција.

На местото на настанот е спроведена истрага, а полицијата ќе достави извештај за овој настан до надлежниот државен обвинител.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa