Утрински Весник
Магазин

Камила: „Никој нема да ме натера да ги дупнам ушите“

Камила: „Никој нема да ме натера да ги дупнам ушите“

Иако е љубител на накит, сопругата на кралот Чарлс Трети, Камила, никогаш во животот не сакала дупнување на уши и носи само обетки со клип, односно оние кои можат да се закачат на уво со штипка.

dobivaj vesti na viber

„Сигурно нема да си ги дупнам ушите, никој нема да ме присили да го направам тоа. Отсекогаш одбивав и ќе продолжам, сигурно нема да се премислам сега на 75 години“, изјави неодамна таа.

Според странските медиуми, Камила, наводно, верува дека овој чин го скрвнави човечкото тело.

Сепак, принцезата Кејт и Меган Маркл, па дури и покојната кралица Елизабета, имаа дупнати уши и беа познати како големи љубителки на класичните обетки.

Кралското семејство стана синоним за екстравагантни и раскошни модни додатоци, а тоа се дијадеми, чокери, брошеви, нараквици и обетки. Ретко се случува кралските жени да излезат надвор без прекрасен накит на себе.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата