Утрински Весник
Свет

Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад

De vid kameron 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети и рече дека потегот на Техеран речиси целосно пропаднал.

Според Камерон, фокусот треба да остане на постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Доколку сте во Израел утрово, сосема со право мислите дека имате целосно право да одговорите на ова и тие (Израел) го имаат тоа. На многу начини, ова е двојна загуба за Иран.

Нападот речиси целосно пропадна и тие му открија на светот дека тие се лошото влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Затоа се надеваме дека нема да има одмазда“, додаде Камерон.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД