Утрински Весник
Македонија

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15

Pari 1 1.jpg

Компанијата КАМ повторно го потврдува реномето на еден од најпосакуваните работодавци во земјава и во пресрет на летната сезона ќе им го исплати првиот дел од регресот за годишен одмор од 46.000 денари на сите вработени.

Износот овој пат е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимум, но оваа практика компанијата ја негува долго време и секоја следна година обезбедува поголема поддршка за својот тим составен од над 1400 луѓе. Регресот за 2025 е највисокиот досега и е признание за вложениот труд и лојалноста на вработените, а ќе биде исплатен во три дела – во текот на летниот период, во октомври и во декември.


Наша компаниска мисија е да создаваме средина во која луѓето ќе се чувствуваат ценети поддржани и мотивирани. Со исплатата на рекорден регрес и постојано унапредување на бенефициите, испраќаме јасна порака – дека вреднувањето на трудот и грижата за тимот остануваат во сржта на нашето работење. Веруваме дека задоволниот вработен е и најдобриот амбасадор на компанијата – велат од КАМ.

Според новите податоци достапни на „Бизнис Мрежа“, КАМ и во 2024 година ја задржува позицијата на работодавец со најмногу вработени помеѓу трговските синџири во Македонија и воедно е предводник по висината на просечната плата во истата категорија.

Компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач за 2024 во категоријата маркети која ја доделува vrabotuvanje.com.mk

Покрај финансискиот аспект, КАМ постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период. Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.

КАМ останува посветен на градење силна, стабилна и човечки ориентирана организација, каде што секој поединец е важен и препознаен.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата