Утрински Весник
Магазин

Калиопи:Ја пеам химна за сите! Не сум ничија партија!

86f62b28 cc5b 4287 8ec8 48d40e12e5cc.jpeg

Калиопи беше гостинка во  „Нешто Конкретно“ каде  зборуваше искрено за теми што ретко ги отвора јавно. На самиот почеток објаснува дека секогаш прва поздравува кого и да сретне, затоа што луѓето не ги дели по функција или позиција, туку според однесувањето и зборот.

Открива дека низ кариерата имала разни понуди, но дека единственото што никогаш не го одбила било да ја испее македонската химна. Некои тоа, вели, го поврзувале со политичка ориентација, но таа е јасна:
„Ја пеам химната каде и да ме повикаат. Јас пеам за Македонија – не за партии. Јас сум пејач на народот.“

Потоа зборува за пријателствата. Според неа, вистински пријател е оној што ќе ти ја каже вистината право во лице, дури и ако ризикува да те изгуби. Додава дека меѓу најверните ѝ е Олгица Христовска, а пријатели ги смета и двајцата поранешни сопружници.
Со доза хумор вели: „Можеби некој ќе мисли дека сум за на психијатар, ама таму каде што се искршиле сите копја таму е најчист теренот.“

За Ромео Грил вели дека му верува слепо, и дека одлично била прифатена од неговите родители, како и од родителите на Васил Зафирчев. Додава:
„Со двајцата поранешни сопрузи зборувам за сè – освен за нови љубови. Тоа е женска тема.“

Пријателствата што се темелат на корист ги нарекува взаемен интерес, а не блискост, и вели дека тоа не е пријателство туку соработка. Признава дека понекогаш свесно дозволила некој да мисли дека ја користи, само за таа личност сама да дојде до сознание, но јасно додава дека дрскост над границите на пристојност – не прифаќа.

На прашањето за дуетот со Наум Петрески и песната „Рум дум дум“, Калиопи вели дека веројатно не било вистинско време за таа песна и дека не се лути никому. Додава дека трпеливо го чекала својот момент за Евровизија.

Се осврнува и на младите пејачи, особено оние што се појавуваат на натпреварувачки шоуа. Им поставува едно прашање:
„Сакате да пеете заради вредност, или заради популарност?“

Кон крајот зборува за Кочани, за колеги што ги нема веќе, и за тоа дека е вистинско време да се обединиме. Вели дека се доволни поделбите, и дека е време македонската музика да стане едно, како што пее и во песната „На пат до Македонија“.

„Македонската музика треба да се обедини,“ завршува таа. „Затоа што заедно можеме многу повеќе отколку поделени.“

Целата епизода е овде Калиопи-Не сум ничија партија! Ја пеам химната за сите! Nesto Konkretno/Нешто Конкретно S05 EP01

Можете да прочитате

Секој седми млад Европеец има проблем со менталното здравје

Мини пици – брзо и вкусно домашно уживање

Поради нестабилен под, „Лувр“ ги затвори просториите на јужното крило