Утрински Весник
Спорт

Калин Ивановски со голем скок на АТП-листата

Калин Ивановски со голем скок на АТП-листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа голем напредок на најновото издание на АТП- листата. Тој викендов го освои трофејот на ИТФ-турнирот во Хераклион, со што заработи нови 15 поени.

dobivaj vesti na viber

Сега се наоѓа на 633. позиција на рангирањето со 42 поени, што е дури за 117 места подобро од минатонеделниот пласман.

Промени имаше и меѓу водечките, каде што по освоените титули напредуваа Данил Медведев кој е сега трет, и Феликс Оже-Алијасим на осмото место. Меѓу најдобрите десет се пласира и Хуркач, а на врвот и натаму се Карлос Алкараз и Рафаел Надал.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет