Утрински Весник
Македонија

Калеска Ванчева: Вас ве боли неуспешниот обид на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Калеска Ванчева: Вас ве боли неуспешниот обид на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Продолжија дебатите на маратонската собраниска седница за разрешување на министри и за избори на нови министри во владиниот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Коментирајќи ја денешната одлука која беше соопштена од Судот во Стразбур, пратеничката Снежана Калеска Ванчева, рече дела со одлуката на Судот во Стразбур, денеска победи правото и правдата.

„Вас очигледно ве боли тоа што беше неуспешен обидот на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ и криминалот под невидени размери“ – рече Калеска Ванчева.

Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која великанот Блаже Конески го нарекуваше „џуџето од Небрегово“ и дека оваа партија постојано внесува раздор во општеството го има заборавено АСНОМ, а корените ги бараше во антиката.

„Вие треба да се засрамите, вие говоревте за раздор и повторно зборувате за раздор и ја загрозувате унитарноста на државата со говор на омраза. Ние сме за национално единство, ние сакаме нашата држава да биде дел од големото европско семејство и тоа ќе го направиме“ – рече Калеска Ванчева.

Можете да прочитате

Трет човек во трката за градоначалник на Куманово – независниот Горан Стојковски

ДУИ: И во спортот дискриминација и етничко исклучување со алармантни размери

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност