
Според Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, изјави дека изходот од протестите во Иран е неизвесен. Таа предупреди на евентуалниот пад на иранскиот режим кој не гарантира подобра иднина за државата.
– „Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа“, рече Калас на новинарско прашање.
Таа оцени дека моменталната ситуација во Иран е сложена:
– „Во моментов не е јасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, наведе Калас.
– „Исто така е јасно дека режимот брутално потиснува и убива луѓе за навистина да поттикне страв во општеството“, додаде таа.

