Утрински Весник
Магазин

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Brasno.webp.webp

Студот е најдобриот сојузник на вашето брашно, го спречува расипувањето и ја уништува популацијата на штетниците пред тие да можат да предизвикаат штета. Експертите советуваат да не се чува брашно во топла кујна, бидејќи високата температура го забрзува расипувањето. Наместо тоа, замрзнувачот е идеално место за долгорочно складирање, особено за интегралното брашно, кое побрзо оксидира. За да остане свежо до две години, префрлете го брашното во херметички затворени садови стаклени тегли или пластични кутии со вакуумски капак се најдобри. Совет од пекарите: никогаш не користете брашно директно од замрзнувач.

Пред употреба, оставете го да достигне собна температура. Ладното брашно може да го забави нараснувањето на тестото и да влијае на текстурата на колачите. Времетраење на свежина на брашното на собна температура е до 3 месеци, во фрижидер до 1 година а во замрзнувач до 2 години.

Можете да прочитате

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?

Копаоник во зимска бајка – снег, скијачи и радост за сите