Утрински Весник
Македонија

Како немоќ и паника бугарскиот претседател Радев го опиша бришењето на „Иван Михајлов“ од регистарот

Радев: Турција е наш многу важен сојузник

Одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника. Ова го изјави претседателот Румен Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

dobivaj vesti na viber

„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и немоќ, бидејќи властите во Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не од сега, туку со векови. Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избришат цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Северна Македонија, да ги вклучи Бугарите во нивниот устав“, рече тој.

За бришењето на клубот од регистарот претходно остро реагираше и бугарското МНР. Министерството изрази силна загриженост поради, како што велат, доследните активности на Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница.

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ вчера беше избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да се преименува во согласност со измените во Законот за здруженијата и фондациите поради фашистичкото име, но наместо да го почитува законското решение најави тужба.

Можете да прочитате

Советник на Мицкоски ќе стане уставен судија

Се воведува истражувачко новинарство во наставата по Граѓанско образование за осмо и деветто одделение

Опожарени три возила во гаража во Батинци, при гаснењето повредено едно лице