Мрсната коса е проблем за многумина, бидејќи изгледа нехигиенски, предизвикува чешање на скалпот, па дури и губење на косата. Мазната и сплетена мрсна коса е предизвикана од прекумерно лачење на себум на скалпот, неправилно миење и нездрава исхрана.
За конечно да се ослободите од маснотиите и да уживате во бујна и чиста коса, најважно е да изберете квалитетни производи кои дополнително нема да ја влошат состојбата.
Ако јадете нездрава храна и консумирате многу рафинирани шеќери или масна храна, вашата исхрана може да биде главниот виновник за вашата лоша коса.
Мрсната коса може да биде предизвикана и од хормонални пореметувања. Кај жените, ова се случува поради прекумерна количина на машки хормони или прекумерен број на рецептори за овие хормони под скалпот. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со лекар.
Шампонот за миење на мрсна коса не треба да содржи силикони, сулфати, масла или парабени, бидејќи тие дополнително ќе ја намрсат косата. Изберете лесни формули со што е можно поприродни состојки, за да не го оптоварите скалпот или користете производи од линии за зголемување на волуменот, кои ја „креваат“ косата во коренот. Исто така, побарајте проѕирни шампони, бидејќи кремастите веројатно содржат регенератори, кои би можеле да придонесат за мрсна коса.
Обрнете внимание на состојките во шампоните. Некои од билките кои би можеле да ви помогнат се копривата и рузмаринот. Можете исто така да додадете концентриран трн, невен, маточина, , нане, како и есенцијални масла од бергам, кедар, чајно дрво и нане во транспарентен, благ шампон (може да биде шампон за бебиња).
Доколку сте во можност, можете сами да направите основен шампон за миење на мрсна коса.
Состојки:
1/4 чаша дестилирана вода
1/4 чаша течен 100% природен кастилски сапун без мирис или шампон за бебиња
половина лажичка ладно цедено масло од јојоба или масло од семе од грозје
шише за шампон.
Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги и истурете ги во шишето.
Овој основен рецепт можете да го дополните со различни билки и есенцијални масла.
Како да ја измиете мрсната коса
Мрсната коса најдобро се мие со млака вода, бидејќи топлата вода ги стимулира жлездите да лачат уште поголемо количество на себум. Ако имате мрсна коса, обидете се со текот на времето да го зголемите бројот на денови помеѓу миењето. Ако ја миете косата секој ден, обидете се да ја миете секој втор ден.
Иако секојдневното миење на косата ги отстранува природните масла од скалпот, тоа предизвикува да се произведува повеќе себум за заштита на скалпот. На овој начин се создава маѓепсан круг и се влошува состојбата на скалпот.
Оптимално би било да ја миете косата на секои 3 до 4 дена, бидејќи на овој начин скалпот ќе се навикне да не исфрла прекумерно количество на себум. Користењето сув шампон исто така може да помогне.
Исто така, повремено можете да користите сода бикарбона за да ја намалите мрсноста на скалпот. Измешајте сода бикарбона со вода додека не добиете мазна паста. Нанесете ја смесата на кожата и добро втријте ја, а потоа добро исплакнете. Може да го користат и возрасните и децата.