Утрински Весник
Македонија

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

Meteoalarm.mk 21 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради разведрувањето, изминатата ноќ во Македонија беше многу студена, па така температурите насекаде се спуштиа под нулата, со што насекаде имаше појава на умерен до јак мраз.

Моите следачи од Берово ми испратија фотографија каде утринава во 4 и 45 часот температурата во Берово се спуштила на -12 степени.

Многу студените утра продолжуваат и понатаму во следните неколку денови, кога повторно температурите во Беровскиот регион, како и на високите  и планинските места ќе се спуштаат под -10 степени.

На картата пак можете да ги погледнете температурите измерени во Македонија до 7 часот утринава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ го избра Пренџов за заменик на генералниот секретар

Савески: Обвинителството води предистраги и истраги за актуелни високи функционери

Димитриевски: ЗНАМ ќе го преиспита учеството во Владата ако се игнорира ставот за правосудниот испит