Утрински Весник
Магазин

Како да препознаете дефицит на омега-3 масни киселини

Omega 3.jpg

Омега-3 масните киселини се неопходни за правилен развој и функционирање на телото. Недостатокот на внес на омега 3 масни киселини предизвикува низа различни симптоми, најчесто когнитивни потешкотии и хронично воспаление во телото.
Иако некои симптоми на недостаток на омега-3 не се видливи – како што се хронично воспаление и проблеми со срцето – телото има начини да сигнализира дека му недостасуваат овие есенцијални масни киселини.

Доколку забележите некои од овие симптоми, пред да започнете со суплементација или да ја промените исхраната, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Сува, иритирана кожа

Сувата кожа може да биде ран предупредувачки знак дека на вашето тело му недостасуваат омега-3 масни киселини.

Иако дехидрацијата е најчеста причина за сува кожа, таа исто така редовно се поврзува со недостаток на омега-3 масни киселини. Имено, тие се одговорни за одржување на здрави клеточни мембрани, што ја вклучува и нивната способност да ја задржат влагата. Акните се поврзани и со недостаток на омега-3 масни киселини – се смета дека ова се должи на зголемување на воспалението.

Некои истражувања покажуваат дека дополнувањето со омега-3 масни киселини може да помогне при егзема и псоријаза, токму поради нивната способност да го намалат воспалението во телото.

Намален волумен на косата

Ако претходно здравата и сјајна коса се исуши, нема сјај, виткаат, а врвовите почнуваат да се делат или косата почнува да се истенчува – тоа може да се симптоми на недостаток на омега-3 масни киселини. Истражувањата покажуваат намалено опаѓање на косата кај жените како резултат на суплементација.

Вкочанетост и болки во зглобовите

Бидејќи омега-3 масните киселини произведуваат антиинфламаторен одговор во телото, се верува дека болките и вкочанетоста во зглобовите, особено оние предизвикани од ревматоиден артритис, може да бидат знак за недостаток на омега-3 масни киселини.

Студиите потврдуваат дека правилната суплементација ги ублажува симптомите кај луѓето со ревматоиден артритис и болки во зглобовите поврзани со лупус.

„Мозочна магла“ и губење на когнитивните функции

Тешкотиите со концентрацијата или меморијата може да укажуваат на дефицит на омега-3 масни киселини, а со тоа се поврзуваат и Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Депресија

Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на омега-3 масни киселини се поврзани со депресија, како и со други психијатриски нарушувања како што се биполарно растројство, шизофренија и нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД).

Суви очи

Синдромот на суво око, инаку една од најчестите очни болести, е поврзан со недостаток на омега-3 масни киселини.

Замор

Заморот е вообичаен знак за недостаток на омега-3, а истражувањето за ефектите од суплементацијата на омега-3 врз лупусот (кој се карактеризира со болки во зглобовите и замор) покажа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во ублажувањето на двата симптоми.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста