Утрински Весник
Магазин

Како да го спасите јадењето кое е премногу солено, луто, слатко…

750534 Shutterstock 1399381838 F.jpg

Едно од главните правила на готвењето е постепено да додавате зачини и да пробате малку додека готвите, бидејќи така ќе можете да го прилагодите вкусот.

Сепак, и на најдобрите готвачи понекогаш нешто им тргнува наопаку – затоа постојат овие трикови кои ќе го спасат јадењето и донекаде ќе го подобрат неговиот вкус.

Потребна ви е првенствено кисела храна: лимон, оцет или лимета, кои совршено ја уништуваат соленоста, пикантноста или премногу слаткиот вкус.

Ако јадењето е премногу солено

Додадете киселина како сок од лимон, сок од лимета или оцет, засладувач како шеќер, мед или јаворов сируп.

Доколку рецептот дозволува, додадете млеко, павлака за готвење или јогурт, бидејќи и тие ја „убиваат“ солта. Луѓето имаат уште еден совет – кога ќе додадат премногу сол во јадењето, додадете излупен компир или јаболко, кои ќе го впијат вишокот сол и исфрлете го од садот по готвењето.

Исто така, бидете внимателни со додавање на конзервирана доматна паста, маслинки или каперси, бидејќи тие исто така содржат многу сол.

Ако јадењето е премногу слатко

Додадете киселина како сок од лимон, сецкани свежи билки, кора од цитрус, прстофат лут кајен пипер или инстант кафе.

Обичното горчливо какао во прав додава горчина, така што може да го подобри и премногу слаткото јадење. Кремот за готвење или грчкиот јогурт се исто така добри, бидејќи го намалуваат премногу слаткиот вкус и даваат кремасто неутрален вкус на секој премногу сладок десерт.

Ако е премногу пикантно

Следниот пат кога ќе додадете од премногу чили или црн пипер, обидете се да ја ублажите пикантноста со кисела храна. Лимонот, оцетот или сосот од домати совршено ја убиваат пикантноста.

Путерот од кикирики или пастата од сусам исто така ќе ја намалат јачината на јадењето, а можеби ќе бидете пријатно изненадени од новите вкусови што ги носат. Додавањето супа од месо или зеленчук, како и млеко, павлака или некое благо сирење, исто така може да помогне да се ублажи пикантноста.

Ако е премногу кисело

За време на готвењето постепено посипете мали количини сода бикарбона во храната за да ја намалите киселоста. Често пробувајте ја храната што ја готвите, додека не се намали киселиот вкус на храната.

Можете да додадете и шеќер – ја омекнува и киселоста.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста