Утрински Весник
Свет

Каили се огласи од домашниот притвор: Нема да се вратам во Грција додека не ја докажам својата невиност

Каили се огласи од домашниот притвор: Нема да се вратам во Грција додека не ја докажам својата невиност

Eва Каили, пратеничка во Европскиот парламент од Грција, која беше потпретседател на Европскиот парламент до кратко време по нејзиното апсење во истрага за корупција, вели дека нема да се врати во Грција пред да биде ослободена.

dobivaj vesti na viber

„Ако не успеам да го убедам белгискиот правосуден систем во мојата невиност, никогаш нема да се вратам во мојата татковина“, изјави Каили за атинскиот неделник „То Вима“.

Како последен приведен осомничен во истрагата за корупција што го потресе Европскиот парламент, Каили вчера беше префрлена во домашен притвор.

Таа беше приведена во декември заедно со други поранешни и сегашни претставници под обвинение за примање мито од Катар и Мароко во замена за влијание врз Парламентот. Тие се товарат и за перење пари и членство во криминална организација.

„Никогаш нема да признаам дека ги изневерив луѓето кои ме наградија со својот глас“, додаде Кајли. Првата ноќ ја поминала во домашен притвор со својата ќерка во нејзиниот стан во Брисел, изјави нејзиниот адвокат Микалис Димитракопулос за атинската телевизија „Скај“.

Таа сака да се врати на состаноците на Европскиот парламент (по завршувањето на законската процедура)“, изјави Димитракопулос. Каили ќе биде во домашен притвор со електронска нараквица.

Останатите четворица главни осомничени во овој случај во изминатите месеци беа префрлени во домашен притвор. Белгиската полиција во декември објави дека запленила близу 1,5 милиони евра во рации поврзани со истрага за корупција.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп