Утрински Весник
Македонија

Каевски: ДПМНЕ не може една амбасада да убеди а не преговарачка рамка со ЕУ да смени

20240203120859 Big 730x400 4.webp.webp

Секој ден од техничката Влада го покажува лажното лице на ДПМНЕ.

Се потврдува, едно зборуваат пред – друго прават откако се дел од власта.

Јавно, Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ изјави дека не успеале да ја убедат амбасада на соседна Грција.

ДПМНЕ не може една амбасада да убеди.

Истите оние кои велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог и преговарачката рамка.

Една амбасада ДПМНЕ не може да убеди а не 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка.

Уште еден лажно креитан мит, една невистина е целосно разоткриена.

Се потврди она што го говоревме.

Го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир