Утрински Весник
Македонија

Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО

Dare Kaevski Iz Ava.jpeg

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу, истакна Дарко Каевски портпаролот и пратеник од СДСМ на вечерната прес-конференција. -Го осудуваме овој недемократски чин и бараме негово ослободување. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се ново поставени началници од страна на Тошковски, значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на Салиу. Ова е загрозување на слободата и демократијата, на слободата на говорот, директен притисок врз независните новинари врз они кои истражуваат и работаат за јавниот интерес. За 7 години на власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, туку Владата на СДСМ донесе законски решенија со кои се гарантираат заштитата на новинарите , а ДПМНЕ за само два месеци покажа како мисли да ја практикува власта ако ја добие со сила, рече Дарко Каевски од СДСМ пред полициската станица Гази Баба каде е спроведен Салиу.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје