Утрински Весник
Македонија

Кадмиумот од Трубарово е канцероген, а тоа го дознаваме седум дена по еколошката хаварија

Viber image 2025 09 13 16 53 52 430.jpg

Пожарот што три дена беснееше во скопската населба Трубарево очигледно дека не бил ниту наивен ниту пак воздухот бил чист како што првично тврдеа институциите. Факт е дека Трубарево може да се класифицира како еколошка катастрофа со потенцијално долгорочни последици по здравјето на луѓето. Мерењата кои излегоа дури после шест дена покажаа концентрации на кадмиум во воздухот дури десет пати над дозволеното, што е алармантен сигнал за жителите во непосредна близина на пожарот.

Кадмиумот е еден од најтоксичните тешки метали и е класифициран како канцероген за луѓето од страна на Светската здравствена организација. Дозволената годишна просечна вредност во воздухот е пет нанограми на кубен метар, а во Трубарево е измерена десеткратно повисока концентрација. Вакво загадување е ретко дури и во индустриски најоптоварените региони во Европа.


Жителите кои живеат во круг од од 500 до 1000 метри метри околу локацајта биле најмногу изложени на токсичниот чад. Тие континуирано вдишувале опасни честички а посред информациите не биле евакуирани иако првично имаше план за тоа. Последиците од ваква изложеност на кадмиум на краток рок се појавува кашлање, иритирани дишни патишта, главоболки и замор, а на долг рок постои сериозен ризик од оштетување на бубрезите и белите дробови, развој на остеопороза и зголемена веројатност за рак на белите дробови. Најранливи се децата, постарите лица и хронично болните.
Пожарот во Трубарево отвора прашања за капацитетот на државата да реагира брзо и транспарентно. Граѓаните имаат право да знаат кој дозволил складирање на материјали што предизвикуваат вакво загадување, дали институциите ќе спроведат здравствени скрининзи за жителите на Трубарево и пошироко и какви мерки ќе се преземат за ваква катастрофа никогаш да не се повтори.

Она што се случи во Трубарево е потенцијална здравствена бомба со одложено дејство. Додека институциите молчат, граѓаните остануваат во неизвесност за својата и безбедноста. Брзи и транспарентни мерки се неопходни за оваа еколошка трагедија да не прерасне во долгорочна здравствена криза.

Можете да прочитате

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата