Утрински Весник
Свет

Кадиров за казната за дезертерите: Затворот не е доволен

Кадиров го критикуваше рускиот генерал за повлекувањето: Кој го штити толку добро?

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека затворот за резервистите кои избегнуваат мобилизација не е доволна казна, но предложи на војниците и офицерите кои се на фронтот да им се даде можност да си ја изберат казната.

dobivaj vesti na viber

Кадиров додаде дека на бегалците треба да им се наплати 50 отсто од помошта што ја добиле од државата преку образование, лекување и слично, јави „Танјуг“.

„Казните се смешни, како и петгодишните затворски казни. Ќе ги оставиме ли дезертерите да седат во нивните ќелии мирно, додека нашите храбри и бестрашни момци ги ризикуваат своите животи на првата линија?“, праша Кадиров.

„За почеток, на оние на фронтот треба да им се даде можност да ги изберат казните за дезертерите. Потоа пресметајте колкава помош добил дезертерот од државата – за образование, лекување, социјални надоместоци, плати, па потоа наплатете им 50 отсто од вкупната сума. А потоа, марш за копање ровови и влечење гранати“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесе Политика.рс.

Можете да прочитате

Голем антидесничарски протест во Лондон

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?

Финска ќе проверува дали американското оружје платено од НАТО стигнува до Украина