Утрински Весник
Свет

Кадиров: Странската помош за Украина е шема за перење пари

Кадиров: Странската помош за Украина е шема за перење пари

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека помошта од Западот за Киев е функционална шема за перење пари, дека нема да стигне до фронтот и дека украинските власти ќе ги проневерат парите.

dobivaj vesti na viber

Во објавата на својот канал „Телеграм“, Кадиров нагласи дека „нема простор за загриженост“ поради воените дејствија што моментално се одвиваат на новите руски територии.

„Тоа се нашите региони кои решија да ѝ се придружат на нашата држава за да го заштитат својот народ од сатанистичките дејствија на украинските и НАТО националистите“, напиша Кадиров.

На 6 јануари САД објавија нов пакет помош за Украина во вредност од повеќе од три милијарди долари.

Како што соопшти Белата куќа, помошта ќе биде обезбедена директно од резервите на Пентагон.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола