Утрински Весник
Македонија

Каде е најладно и каде наврна најмногу снег?

Sneg.jpg

На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени.

Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес и Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 1 степен во Гевгелија.


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар – 16 литри на метар квадратен, 12 во Маврови Анови, Охрид, 10 попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.

Висината на снежната покривка, како што информираа од УХМР, во 07 часот е 35 сантиметри во Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец и 1 сантиметар во Струмица и Демир Капија.

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие