Утрински Весник
Македонија

Кај браната Паљурци уапсени двајца Срби, криумчареле мигранти

Кај браната Паљурци уапсени двајца Срби, криумчареле мигранти

Вчера во близина на браната Паљурци, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода 22-годишниот А.Н. и 28-годишниот Р.А., двајцата од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во 13.55 часот на патот Дојран – Богданци, кај браната Паљурци, полициски службеници забележале како во патнички возила „опел“ и „ауди“, со скопски регистарски ознаки, влегуваат мигранти, по што тргнале по нив. Набргу, возилата застанале и возачите го напуштиле местото, а во близина на возилата биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности, биле пронајдени А.Н. и Р.А. и биле лишени од слобода. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

400 извидници од цела држава го одбележаа Денот на извидниците во Кичево

Сообраќајна несреќа пред Веро Џамбо во Скопје

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот