Утрински Весник
Македонија

Кај 29-годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект

480309668 1061937525963129 5183223146272741199 N.jpg

Кај 29-годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза, објави Министерство за здравство.

Пациентот е со уреден постоперативен тек.


Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник инструментарка Биљана Троановиќ, сестра анестетичар Мерита Рамадами, болничар Дардан Сељмани и радиолошки техничар Крешник Шеху.

– Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација. Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на живот кога семејството е во голема болка од загубата, секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина – вели проф. д-р Билјана Кузмановска.

Можете да прочитате

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

ЦУК: Осум активни пожари до 18.30 часот, еден под контрола