Утрински Весник
Македонија

Kумановчанка нападната од лице кое ѝ се претставило дека е од кабелска телевизија

Kумановчанка нападната од лице кое ѝ се претставило дека е од кабелска телевизија

Триесет и тригодишна жена со иницијали З.М. од Куманово пријавила во полицијата дека била нападната во нејзиниот дом од едно лице.

Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари, тој ја нападнал.

Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и почнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Нов бран на обилни дождови во Македонија, можни се нови поплави