Одличен викенд за играч на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на милионери на Sport Life.
За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари.
Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.
Првиот пар – Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најавил победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life. Вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекало двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен. Двоен стрелец за гостите бил Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60. Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир, кој меч завршил без голови.
Двата преостанати натпревари во Англија од 16 часот, биле одиграни со единици на Барнсли против Милвол (2,18 коефициент) и на Мансфилд со Моркамб (2,30 коефициент).
И двата играчoт ги погодил – Барнсли прослави против Милвол со 2:1 и Мансфилд со триумф од 1:0 против Моркамб ги освои бодовите и воедно ја запечати добивката од еден милион денари во Тетово.
> Kраток и сладок милионски тикет во Sport Life во Тетово <