Утрински Весник
Магазин

Kим Кардашијан бара луѓето да сочувствуваат со болеста на Канје Вест

Kим Кардашијан бара луѓето да сочувствуваат со болеста на Канје Вест

Ким Кардашијан во средата побара сочувство бидејќи нејзиниот сопруг раперот Канје Вест страдал од биполарно растројство, што довело до низа хаотични јавни коментари за теми кои се движат од политика до нивниот брак.

Изјавата на Кардашијан на нејзиниот профил на „Инстаграм“ беше нејзин прв јавен коментар по неколку недели интервјуа, јавни настапи и коментари на Твитер од страна на Вест, кои предизвикаа загриженост за менталното здравје на добитникот на „Греми“.

„Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно нарушување“, напиша таа, нарекувајќи го „брилијантна, но комплицирана личност“.

Вест откри дека имал биполарно растројство во 2018 година, а во минатото се жалеше дека лековите ја задушуваат неговата креативност. Тој одеше на психијатриски третмани во 2016 година.

Биполарното пореметување е форма на ментално заболување кое се карактеризира со невообичаени промени во расположението помеѓу екстремна енергија и депресија, според Националниот институт за ментално здравје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста