Утрински Весник
Економија

Jürgen Klopp jа превзема новата Opel Astra Plug-in-Hybrid

Jürgen Klopp jа превзема новата Opel Astra Plug-in-Hybrid

· „Еве ја!“: успешениот менаџер сега вози електрифициран бестселер од компактна класа.

dobivaj vesti na viber

· Црната убавица: новата Astra, на опеловиот амбасадор на брендот, во Ultimate врвно ниво на опременост.

· Моќен и без CO2 емисија на покуси релации: моќност од 133kW, со 180КС и вртежен момент од 360Nm, како и опсег на возење во елетричен режим до 60km.

· Забавно е да се вози електрично возило: Klopp ужива во првото возење во Ливерпул.

Руселсхајм. „Тоа е тоа!“ Како и обично за Jürgen Klopp, успешниот менаџер директно поентира: „Еве ја!“ Долгогодишниот амбасадор на Opel, се интересираше за најновата генерација на возилото од компактната класа уште од минатата есен од нејзината светска премиера. А сега, Jürgen Klopp беше воодушевен да ја превземе својата нова Opel Astra Plug-in Hybrid, во близина на својата „канцеларија“ во Ливерпул, Англија.

Со новата Astra Plug-in Hybrid, Klopp влегува во нова ера. „Ова е моето деби во електричната мобилност. Сега возам електрично возило – возбудливо!“ изјави двократниот добитник на наградата за „Најдобар машки тренер во FIFA“.

Со моќност од 133kW, 180КС и максимален вртежен момент од 360 Nm, перформансите кај неговиот нов автомобил се комбинираат со одговорност (комбинирана потрошувачка на гориво/емисии WLTP: 1,1 l/100 km; емисија на CO2 26-24 g/km). Забрзувањето од нула до 100km/h е за 7,6 секунди, а Astra може да помине до 60km придвижувајќи се само на електрична енергија, локално без емисии на CO2 (WLTP). Заклучокот на Klopp за неговата нова Аstra: „Изгледа одлично, се чувствува добро. Токму ваков треба да биде еден автомобил!“

Покрај технологијата во новата Astra, Jürgen Klopp е подеднакво импресиониран од нејзиниот дизајн. Тој беше инволвиран уште од самиот почеток, посетувајќи го Центарот за дизајн во Руселсхајм, во периодот кога новата Astra беше во развој. Неговата нова Astra е со највисоко ниво на целосно опремена и управувач од десната страна.

Значајно е да се истанке, во вистинска смисла на зборот, дека новата Astra Plug-in Hybrid на Klopp, со Ultimate ниво на опременост, ја има најновата верзија на Intelli-Lux LED® Pixel светла. Адаптивниот систем за осветлување има 168 индивидуално контролирани LED елементи. Ова возило е опремено и со систем за помош на возачот Intelli-Drive, head-up дисплеј Intelli-HUD и целосно дигитален Pure Panel. „Сè е таму каде што треба и одлично изработено. Браво Оpel“, рече 55-годишниот Klopp.

Во новата Astra, Klopp ќе ужива во удобноста на ергономските AGR спортски седишта во црна Nappa кожа и функциите за: греење, масажа и вентилација. Покрај компатибилноста со Apple CarPlay и Android Auto, инфозабавниот систем содржи и навигација и hi-fi звучен систем. Воздухот во внатрешноста кај новата Astra останува што е можно почист за возачот и патниците благодарение на Intelli-Air.

Jürgen Klopp му се придружи на Opel како амбасадор на брендот во 2012 година. Тој сe појави во повеќе од 20 ТВ реклами за овој германски производител на автомобили. Покрај тоа, тој често учествуваше на дилерските настани и во неколку наврати разговараше со вработените во седиштето во Rüsselsheim.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена