Утрински Весник
Свет

Извршниот одбор на ММФ го прошири својот состав од 24 на 25 директори

Mmf Imf Anual Meeting Okt.2022 5.jpg

Извршниот одбор на ММФ го прошири својот состав од 24 на 25 директори

Земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во петокот успешно избраа проширен извршен одбор кој сега се состои од 25 управни директори наместо 24, вклучително и тројца од субсахарски африкански земји, објави ММФ.

„Ова е историска пресвртница за ММФ и Африка. Не само што тој е третиот африкански директор во нашиот одбор, туку тоа е и голем чекор напред за континентот во развојот на неговиот човечки и економски потенцијал, што ќе го зајакне гласот на Африка и ќе го доближи ММФ до луѓето на кои им служиме“, рече извршниот директор Кристалина Георгиева.

Извршниот одбор на ММФ последен пат беше проширен во 1992 година, кога беа додадени двајца нови директори кои ќе ги претставуваат новите земји-членки по распадот на Советскиот Сојуз.

Одборот на гувернери на ММФ на 16 јули годинава одлучи да го зголеми бројот на директори од 24 на 25, а дополнителното место и припадна на Субсахарска Африка. САД го задржуваат најголемиот дел од гласовите во извршниот комитет на ММФ, околу 16%.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта