Утрински Весник
Македонија

Извршена е трансплантација кај 28 годишник, со руптура на преден вкрстен лигамент на колено

Transplantacija Koleno.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Mинистерството за здравство извести за извршена трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено. За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.

Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.


Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.

-Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Алкохолна ноќ на патиштата: Удрил во канделабра, нападнал полиција, возел во спротивен правец

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари