Утрински Весник
Свет

„Извинете, по грешка ви го убивме синот“: Босовите на мафија во Неапол на родителите им понудиле стан и 60.000 евра како обештетување

Мафијашките босови во Неапол им понудиле паричен надоместок на родителите чиј син наводно по грешка го убиле, по што го раствориле неговото тело во киселина.

dobivaj vesti na viber

Понудата од 60.000 евра и станот ја дале Салваторе Камарота и Карло Напи, на кои им се суди за убиството на Џулио Џако во 2000 година. Забите му биле скршени со чекан, а телото му било растворено во киселина за да се прикрие злосторството, пишува Тајмс.

Случајот бил нерешен со години, но сега одметникот од мафијашкиот клан Полверино ги обвини Камарота (56) и Напи (64) дека го нарачале убиството, тврдејќи дека го згрешиле идентитетот на човекот што го убиле.

„Барале човек по име Салваторе, кој наводно имал афера со внуката на Камарота, која била партнерка на член на мафијашкиот клан. Им било кажано дека во одредено време ќе биде на одредено „Извинете, по грешка ви го убивме синот“: Босовите на мафија во Неапол на родителите им понудиле стан и 60.000 евра како обештетување

Мафијашките босови во Неапол им понудиле паричен надоместок на родителите чиј син наводно по грешка го убиле, по што го раствориле неговото тело во киселина.

Понудата од 60.000 евра и станот ја дале Салваторе Камарота и Карло Напи, на кои им се суди за убиството на Џулио Џако во 2000 година. Забите му биле скршени со чекан, а телото му било растворено во киселина за да се прикрие злосторството, пишува Тајмс.

Случајот бил нерешен со години, но сега одметникот од мафијашкиот клан Полверино ги обвини Камарота (56) и Напи (64) дека го нарачале убиството, тврдејќи дека го згрешиле идентитетот на човекот што го убиле.

„Барале човек по име Салваторе, кој наводно имал афера со внуката на Камарота, која била партнерка на член на мафијашкиот клан. Им било кажано дека во одредено време ќе биде на одредено место“, изјави адвокатот Алесандро Мота, кој го застапува семејството на жртвата.

Босовите на мафијата испратиле платенци облечени како полицајци. Тие му наредиле на човекот да влезе во нивниот автомобил, но Џако по грешка бил фатен. Последно што им рекол е „Полицајци, грешите, јас сум од добро семејство“, а потоа му пукале во глава.

Неговото тело било растворено во киселина, а остатоците биле фрлени во неразвиена област на периферијата на Неапол, пишува Тајмс.

Поранешниот мафијаш Роберто Пероне изјавил пред полицијата дека тоа бил „најтемниот момент во неговата криминална кариера“ кога сфатиле дека убиле погрешен човек. Џако (26) воопшто немал криминална историја.

Камарота и Напи пред судењето понудиле 60.000 евра на семејството на Џако, а Камарота додал стан за кој тврди дека вреди 120.000 евра.

„Според италијанскиот закон, можно е да добиете само третина од казната ако платите отштета за делото“, објаснува адвокатот Мота.

Семејството категорично ја одбило нивната понуда.

„Бараат најстрога казна за сторителите на ова страшно злосторство, особено затоа што никогаш не го примиле телото на нивниот син“, додава Мота.место“, изјави адвокатот Алесандро Мота, кој го застапува семејството на жртвата.

Босовите на мафијата испратиле платенци облечени како полицајци. Тие му наредиле на човекот да влезе во нивниот автомобил, но Џако по грешка бил фатен. Последно што им рекол е „Полицајци, грешите, јас сум од добро семејство“, а потоа му пукале во глава.

Неговото тело било растворено во киселина, а остатоците биле фрлени во неразвиена област на периферијата на Неапол, пишува Тајмс.

Поранешниот мафијаш Роберто Пероне изјавил пред полицијата дека тоа бил „најтемниот момент во неговата криминална кариера“ кога сфатиле дека убиле погрешен човек. Џако (26) воопшто немал криминална историја.

Камарота и Напи пред судењето понудиле 60.000 евра на семејството на Џако, а Камарота додал стан за кој тврди дека вреди 120.000 евра.

„Според италијанскиот закон, можно е да добиете само третина од казната ако платите отштета за делото“, објаснува адвокатот Мота.

Семејството категорично ја одбило нивната понуда.

„Бараат најстрога казна за сторителите на ова страшно злосторство, особено затоа што никогаш не го примиле телото на нивниот син“, додава Мота.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници