Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ги смета извештаите за украинската контраофанзива за дезинформации.
„Немало и никогаш не може да има, според мене, контраофанзива“, рече Лукашенко на состанокот со учесниците на седницата на Советот на Парламентарното собрание на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), пренесе агенцијата „Белта“.
Западот поттикнува тензии и отворено признава дека се подготвува за војна, изјави Лукашенко на состанокот.
Лукашенко истакна дека Западот, и покрај брзиот пад на животниот стандард и влошените економски перспективи во европските земји, ги интензивира меѓународните тензии додека западните политичари отворено признаваат дека се подготвуваат за војна.
„Украина останува централната арена на конфронтација, бојното поле на нашиот континент“, рече Лукашенко, пренесува „Танјуг“.