Утрински Весник
Македонија

Изведба на балетската претстава за деца „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет

20250220174135 Big 730x400 30.webp.webp

Балетската претстава за деца, „Петар Пан“, која е во продукција на Националната опера и балет, ќе се изведе вечер во оваа установа. Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.


-Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најуспешните и најпопуларните детски приказни на сите времиња, раскажана на генерации деца. „Петар Пан“, лик кој го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери, ќе ги воодушеви малите и големите со својата авантуристичка приказна, во која главниот херој живее на магичниот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати, се вели во соопштението на НОБ.

Како што потенцираат, претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, костимите и сценографијата и децата ја следат со големо воодушевување. Безгрижното детство на Петар Пан, кој никогаш не сака да порасне, ќе ги потсети најмладите гледачите на важноста на фантазијата и слободата.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат