Утрински Весник
Македонија

Изведба на балетската претстава „Есмералда“ во НОБ

20250218172824 Big 730x400 63.webp.webp

Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечерва ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.


Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименес Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис – Симона Колиштркоска, во улогата на Гудула ќе настапи Саша Евтимова, која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност како истакнат балетски играч, педагог и кореограф.

На балетската претстава настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност ги истражува длабочините на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби кои го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат