Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Извадете извод од матично за 250 денари и станете Бугари: бугарска Фондација со повик до македонските граѓани

Извадете извод од матично за 250 денари и станете Бугари: бугарска Фондација со повик до македонските граѓани
300x250 opst2

По законски измени што ги направи Министерството за правда, во новите изводи од матичните книги на родените да се отвори нова графа за етничка припадност, се огласија бугарските здруженија. Тие веднаш ги повикаа македонските граѓани да извадат нови изводи во кои ќе им пишува – Бугари.

dobivaj vesti na viber

„Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари“, објавија од бугарската Фондација „Македонија“.

Според министерот за правда, Кренар Лога со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. Објасни дека за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување, ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.

Македонските граѓани досега плаќаа стотици евра на посредници за да извадат документ за бугарско потекло. Сега со овие измени тие можат да го извадат тој документ за само 250 денари. Но ќе им пишува дека се Бугари.

Можете да прочитате

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен